Мико: Во дебатата за Македонија сум бил „националист“? Претпочитам „суверенист“

Џејсон Мико, почесен конзул на Македонија во Тусон, Аризона, до смената од таа функција од Владата на Заев во февруари годинава, им одговара на тие што го нарекуваат националист поради ставовите во врска со Македонија и македонската кауза, спротивни од тие на власта.

„Во дебатата за Македонија сум наречен ‘националист’. Го претпочитам терминот ‘суверенист’. Оние што се обидуваат да ја задушат дебатата се вистински наднационалисти. Значи, ајде да имаме чесна дебата меѓу двете страни – една во корист на суверенитетот и другата во корист на глобалното владеење“, твитна Американецот со унгарско потекло и со пасија за Македонија, Унгарија и Естонија, како што самиот вели.

 

2 Коментари

Comments are closed.