Мико за гестот на Борисов и Захариева со Иванов: Мек тоталитаризам на ЕУ

Американецот што повеќе од две децении ги застапува македонските национални интереси ја осуди одлуката на бугарскиот премиер Бојко Борисов и на министерката за надворешни работи Екатерина Захариева да не се сретнат со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој е во дводневна официјална посета на Софија.

„Чудно, премиерот и шефот на дипломатијата на Бугарија велат дека не сакаат да заземат страна, но одбивајќи да се сретнат со претседателот на Македонија тие заземаат страна. Тоа е мек тоталитаризам на ЕУ и тоа само ќе се влоши. Бидете внимателни со она што го сакате“, напиша на „Твитер“ почесниот конзул на Македонија во Тусон, Аризона, кој Владата на Заев го разреши во февруари годинава.

 

Comments are closed.