Мико: Заев го купуваат со меѓународна функција

Пишува : Џејсон Мико

Застојот во таканаречените преговори за името ни покажува дека не е се во ред во земјата Недојдија, тоа кралство на позитивно спинувани вести, изјави и соопштенија за јавноста во кои се уште се инсистира дека се оди како што треба. Минатата недела грчкиот весник Катимерини објави текст во кој најавува дека преговорите за името губат здив, во кој се вели дека „по неодамнешната средба на министрите за надворешни работи на двете земји  крај езерото Охрид изгледа дека залетот во преговорите се забавува“.

Ова е сосем во ред за мнозинството Македонци кои, со право, очекуваат дека нема никаква потреба овие преговори да продолжат бидејќи тие водат кон бришење на македонскиот идентитет, култура, јазик и се што оди со тоа. Иако двете страни „се согласиле за скоро сите странични прашања“, весникот вели дека главните спорни точки остануваат при што Грција бара „новото име“ да се употребува „ерга омнес“, односно „кон сите“, што значи дека Македонија ќе мора да го смени својот Устав за тој да го отсликува новото име.

Меѓународната на Запад сака да му ја даде на Заев „наградата Карл Билт“ – тоа е практично награда за животно дело која подразбира сигурна работа, престиж и постојано летање од еден до друг првокласен меѓународен центар, со вклучена храна и пијалоци, за да се држат предавања за разни теми без да мора притоа да се поднесуваат последиците од тоа што сте го кажале и да се мешате во животите на луѓето низ целиот свет каде немате право да се мешате. Со други зборови, на Заев му нудат удобна работа во некоја меѓународна заедница. Оваа понуда не се однесува само на Зоран Заев. И на други членови на Владата им се нудат вакви понуди бидејќи две работи се апсолутно извесни: дека нема засекогаш да бидат на ова место кадее што се сега, и ако успеат некако да протуркаат договор кој Грција и Западот го посакуваат, нивните имиња (каква иронија) ќе бидат проколнувани низ македонската историја.

Целата колумна за свест.мк на Џејсон Мико на следниот линк

3 Коментари

  1. Нема решение за името. Преговорите се пропаднати. Никаков амандман нема да биде внесен во Уставот, а згора Грција нема да се задоволи само со еден или два за името, туку ќе бара и гаранции за „иредентизам”. Грција бара тнр. целосно решение, а не етапно односно уставен ПРЕДУСЛОВ (пред меѓународен договор) за промена на ДРЖАНОТО ИМЕ, па ИДЕНТИТЕТОТ, и на крај уставни амандман за ИРЕДЕНТИЗМОТ. Ниту ова, ниту било која Македонска Влада ова може да го направи. Без уставен ПРЕДУСЛОВ, пред меѓународен договор, неможе ништо да помине во Грчкиот палмамент, оти само со меѓународен договор, сите знаат дека нема да има содветен правен идентитетски ефект без ПРОМЕНА на Уставот.
    Со меѓународен договор не се креира ниту државното име, ниту идентитет на една држава или еден народ. Само меѓународен договор, без промена на Уставот, за Грција е назвршена работа или едноставно според нив НИКАКВА работа однсоно без ЕРГА ОМНЕС, обична „шминка” без дејство.

Comments are closed.