Милчин: Ултиматумот од Грција треба да се одбие јасно и гласно

Владимир Милчин, режисер и поранешен извршен директор на Фондација „Отворено општество – Македонија“, реагира преку својот профил на „Фејсбук“ за актуелниот миг околу разговорите со Грција за прашањето за разликата за името на Македонија.

„КАТАСТРОФАЛНА ГРЕШКА е целата политика да се подреди на постигнувањето договор со Грција заради почнувањето преговори со ЕУ и поканата за НАТО. Зошто? Зашто Грција не преговара, Грција уценува. Грција сака наша капитулација. Грција сака да ни го издиктира Уставот. Што е многу, многу е! Ултиматумот треба да се одбие јасно и гласно.
Да, нам ни се важни и НАТО и ЕУ. Но, во актуелниот светски политички контекст во кој доминира Путиновата офанзива, Македонија не им е неважна на НАТО и ЕУ и тие би требало да ја притиснат Грција да не ја опструира безбедноста на Балканот така што ќе го спречува влезот на Македонија во НАТО и ЕУ. Не верувам дека тие се без аргументи и ‘аргументи’ со кои ќе ја омекнат Грција“, напиша Милчин.