Милески: Само изроди го мислат народот наивен

Водат кампања под наслов “ЗА европска Македонија”, а одлично знаат дека тоа нема врска со договорот за капитулација. Само изроди може толку да го мислат сопствениот народ наивен, па да не му веруваат и да мора да го лажат со вакви лажги, оти знаат дека вистината е сосема друга, пишува граѓанскиот активист и некогашен член на Шарената револуција, Роберт Милески.

“Да беше сè во ред со договорот, немаше вака да ве прават мајмуни и да го манипулираат референдумското прашање. Ќе ве прашаа едноставно дали сте за договорот со Грција или против. Ама не ви веруваат дека сте доволно интелигентни сами да одлучите, па ве манипулираат како некои заостанати на кои им треба помошно лице да одлучува за нив.

За греота се. Ама ќе видат на 30-ти каков ќе биде одговорот на македонскиот народ, кој не е ниту недоветен, ниту мутав, туку еден од најхрабрите народи паталци на оваа планета.

Ќе ве издржиме и вас! Што сè преживеавме, какви сè несреќи, вие сте обична зафрканција, грешка на историјата и како такви ќе бидете забележани за навек”, пишува Милески кој беше жесток критичар на предходната влада а сега бара одговорност од владата на Заев.

SHARE

Comments are closed.