Милески: Денес е голем ден, Меркел ниту еднаш не рече Македонија

Активистот за граѓански права Роберт Милески вели дека денеска е голем ден, Ден на независноста, кога може да се види успехот на македонската дипломатија.

“Во Македонија за првпат дојде во посета германски канцелар, држава пријател, држава сојузник, држава која секогаш без никаков проблем го користела поимот Македонија и никогаш не го оспорувала. Денес, нашата дипломатија успеа да нѐ доведе во ситуација, почитуваната канцеларка Меркел во 15 минути прес-конференција НИТУ ЕДНАШ да не изусти Македонија”, вели Милески кој беше активен во уривањето на владата на ВМРО – ДПМНЕ како член на таканаречената Шарена револуција.

Фотографијата на Милески со премиерот е снимена за време на Шарената револуција кога Заев беше лидер на опозицијата.