Милион Каталонци на улиците на Берселона

Повеќе од 1 милион Каталонци започнаа масовен протест во Барселона со повик за независност речиси една година по неуспешниот обид шпанскиот регион да се одвои од Мадрид.

Митингот се совпадна со годинешниов Националниот ден на Каталонија, со кој се одбележува падот на Барселона во рацете на на шпанскиот крал Филип Петти во 1714 година.

Облечени со маици во црвена и веејќи знамето на Каталонија, морето од демонстранти повика за ослободување на сепаратистичките лидери, приведени по едностраното прогласување независност минатата година.

Каталонскиот водач Ким Тора изјави дека со митингот почнува „масовна мобилизација“, а протест е закажани за 1 октомври.

Оставете Коментар