Мило Ѓукановиќ убедливо води на претседателските избори

Според првите прелиминарните резултати на претседателските избори во Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, еден од седумте кандидати, убедливо води.

Врз основа на 17,3 отсто обработени податоци, кандидатот на ДПС Мило Ѓукановиќ има 53,8 отсто од поддршката на граѓаните, додека кандидатот на опозицијата, Младен Бојаниќ, 34,1 отсто.

Единстената жена кандидат, Драгиња Вуксановиќ, доби поддршка од 7,8 отсто поддршка од гласачите.

Според податоците, многу е веројатно дека втор круг на претседателските нема да има.

Претседателот на Црна Гора се избира за мандат од пет години.
Правото на глас на изборите во Црна Гора имале 532.599 граѓани, а според Центарот за демократска транзиција (ЦДТ), 64 отсто од регистрираните гласачи го искористиле правото на глас.