Мило се закани на ЕУ: Ќе ги преиспитаме односите ако се одлага проширувањето

Доколку во Брисел почне да се менува мислењето околу проширувањето, Црна Гора ќе ги преиспита односите со ЕУ, изјави црногорскиот претседател. Мило Ѓукановиќ.

„Не станува збор за евроскептицизам, туку за повикот да бидеме партнери. Црна Гора ја доживува Унијата како привилегиран партнер, бидејќи им дозволуваме да ни кажат што и како да правиме“.

Црногорскиот претседател уште додаде дека „во моментот кога ќе почнат премислувањата дали треба некого да почекаме, заедно сме квалификувани да ги преиспитаме нашите односи. Да расчистиме дали вратата навистина е отворена или веќе не постојат причини за привилегирано партнерство“.

1 Коментар

Оставете Коментар