Милошоски: Димитров не верува во успешен референдум

Пратеникот на ВМРО-ДПМЕ на Твитер вчера сподели негови сознанија за средбата на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров со американскиот државен секретар Мајк Помпео.

На средбата, наводно, Димитров изразил загриженост дека на претстојниот референдум нема да има цензус, односно дека се очекува да гласаат околу 700 илјади граѓани.

„Интересни поенти од средбата на @NDimitrovMK со држ.секретар Pompeo
Прашан за прогноза за референдумот, Димитров рекол “тешко да имаме цензус, очекувам да гласаат меѓу 600 и 700.000 граѓани”.
Ни @VladaMK не верува во успешен референдум дури и со полнење кутии во Арачиново и Шутка“, „твитна“ Милошоски.