Поранешниот македонски министер за надворешни работи Антонио Милошоски на сегашниот шеф на дипломатијата Никола Димитров му порача дека може да си поднесе оставка на функцијата поради тоа што Преспански договор е мртов, според него.

„Договорот од Преспа имаше еден архитект (Коѕијас), 2 потписници (Коѕијас и Димитров) и еден смислено испланиран опонент (Каменос). Повлекувањето на Коѕијас и продолжувањето на сојузот Ципрас-Каменос е потврда дека Договорот од Преспа е мртов. Димитров може да си поднесе “, напиша на „Твитер“ пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на собраниската комисија за надворешни работи.