Милошоски: Дури ни Црвенковски не направил вакво предавство

Со ваквиот договор Македонија самата ја поништува и суспендира меѓународно-правно валидната пресуда која беше во наша корист. Дури и во меѓународниот суд на правдата има повеќе почит и владеење на правото, отколку што тоа го има Собранието на, сѐ уште, Република Македонија. Со ваквиот договор, Македонија се откажува од напорите и успесите на сите влади кои беа крунисани од 140 земји кои не признале под уставното име. Затоа е јасно зошто владата го злоупотребува европското знаменце. Не сака да има отворена и сериозна расправа. Сакаат што побргу да го изглааат и тоа е доказ дека договорот има фалинки, иајави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на прес-конференцијата која ја одржа пратеничката група откако Собранието изгласа законот за ратификација на договорот со Грција да се донесе по скратена постапка.

Милошоски најави дека пратениците на опозицијата ќе ја напуштат работата на Собранието, но не знае дали нема да се појавуваат само на седниците на кои ќе се расправа за договорот со Грција или и на сите останати седници. За тоа, рече Милошоски, дополнително ќе одлучувале партиските органи.

– Република Македонија имала многу претседатели, Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски… и никој не потпишал ваков договор кој ја доведува државата во потчиената положба. Тоа е најголемото предавство на оваа влада – рече пратеникот.

Милошоски на прес-конференцјата, праша зошто договорот се криеше до последен момент, ако е толку добар зошто власта не организирала прослава, зошто се гласа во еден ден и зошто се избегнува матичната комисија за надворешна политика со која тој претседава туку договорот се носи преку Комисијата за европски прашања.

– Зошто ја избегнуваат матичната комисија која можеби ќе расправаше 3 или 13 дена? – праша Милошоски.

SHARE

Comments are closed.