Милошоски: Европска Македонија е лага

Пратеникот Антонио Милошоски на својот профил на „Твитер“ уште еднаш се осврнува на договорот Заев-Ципрас, од аспект на вчерашните протести во Солун, констатирајќи дека „европска Македонија е лага“.

„Потчинувачкиот договор од Нивици на нашата држава И забранува да го користи краткото име Македонија. Вестите укажуваат дека терминот ‘Macedonia’ може да се користи само за/од Грција, како што се опишани вчерашните протести во Солун. Затоа Европска Македонија е лага“, напиша поранешниот шеф на македонската дипломатија и актуелен претседател на собраниската Комисија за надворешни работи.

 

SHARE

Comments are closed.