Милошоски го открива целиот план за името

Loading...

Екс шефот на дипломатијата Антонио Милошоски тврди дека план од 11 точки треба да донесе промена на уставното име.

Рамката и чекорите договорени од Коѕијас-Димитров, што ќе ги спроведат Ципрас и Заев за смена на уставното име на Република Македонија:

1. Дефинирање на новото име преку повратна комуникација меѓу Заев и Ципрас.

2. Потпишување на договор за промена на името во Преспа на почетокот на јуни

3. Договорот за името оди во македонскиот парламент каде треба да помине со 61 пратеник

4. Грција испраќа писмо до НАТО за да одобри условен прием (членство само по уставни промени)

5. Грција испраќа писмо до ЕУ за поддршка на почеток за преговори на Скопје под услов уставните промени да завршат во рок од 12 месеци

6. На 28 јуни Заев ќе биде поканет на самитот на ЕУ официјално да го прими датумот за почеток на пристапни преговори

6а. На 11/12 јули Скопје ќе прифати официјална покана за НАТО

7. Во октомври ќе се одржи референдум за името со кој Заев сака да покаже дека мнозинството граѓани ја прифаќаат рамката за промена на името

8. Врз основа на очекуваната силна поддршка од СДСМ и албанските гласачи Заев ќе побара поддршка во парламентот од позицијата и опозицијата да поддржат со 2/3 мнозинство промена на уставот за името. Доколку некои пратеници искажат противење на промена на името, СЈО и други владини институции ќе спроведат соодветен притисок.

9. Договорот за промена на името ќе дојде пред грчкиот парламент за гласање по што ќе започне процесот на ратификација во другите земји членки на НАТО

10. ОН, ЕУ И НАТО ќе го признаат новото име

4 Коментари

  1. Се ке падне во Грчкиот парламент.
    А ние треба да се погрижиме да не помине на референдумот кај нас.
    За промена на Уставот мора да има БЛОКАДА!

Comments are closed.