Милошоски го стигна Ѓорчев, пристигна Илина

Екс шефот на дипломатијата и претседател на комисијата за надворешна политика во Собранието Антонио Милошоски, стана татко по четврти пат.

Се роди неговата трета ќерка. Од првиот брак го има синот Давид, а од вториот брак има три ќерки.

“Колку прекрасна недела! Симона повторно е мајка  на свет ја донесе нашата најмалечка принцеза. Бато Давид и сестричките Дариа и Михаела си добија уште една дадичка , а Тато е најсреќниот татко на светот.

Благодариме дедо Боже за благословот, најдраги мои роднини и пријатели Ве прегрнувам сите .., од денес сме порадосни и побогати со уште еден член во семејството Милошоски! Пожелувам секому!
Благодарност до Д-р Палчевски и неговиот тим од Аџибадем Систина”, напиша Милошоски на својот фејсбук профил.

Четири деца има и колегата на Милошоски во Собранието Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

SHARE

Оставете Коментар