Милошоски: Кампањата „Замисли иднина заедно“ е изборна корупција

Пратеникот и претседател на собраниската Комисија за надворешни работи, Антонио Милошоски, го нарече изборна корупција трошењето пари на европските обврзници како поддршка за референдумската кампања на македонската Влада.

„Кампањата ‘Замисли иднина заедно’, платена со пари на европските обврзници, а трошени од Делегацијата на ЕУ во СК, пред референдумот, каде и ЕУ е дел од прашањето, претставува:

изборна корупција

кршење на Виенската конвенција

кршење на Законите за избори и референдум во Македонија“, напиша поранешниот шеф на македонската дипломатија на својот профил на „Твитер“.