Наздравје бричење Nordmazedonien

За Германија, Австрија, Швајцарија, Луксембург, Холандија, Данска, Шведска и Норвешка ќе бидеме
NORDMAZEDONIEN, открива екс шефот на дипломатијата Антонио Милошоски кој вели дека
Владата ги крие амандманите и ги манипулира граѓаните.

“Но, Ви благодарам Вам на искреноста Dr. Christian Gayoso, за Вашиот официјален одговор во име на германското МНР за тоа како Германија ќе ја ословува нашата земја доколку Договорот за смена на името стапи на сила:
Republik Nordmazedonien или скратено
Nordmazedonien!”, пишува Милошоски кој објавува комуникација со висок германски претставник во врска со начинот на кој ќе биде именувана Македонија.

“Прочитајте Ве молам, кратко е, што оговара високиот германски дипломат вработен во нивното министерство за надворешни работи и задолжен за односите со Македонија.
Наздравје бричење”, ни посакува иронично Милошоски.

SHARE

Comments are closed.