Минималната пензија во Бугарија в година 219 лева

Од 1 јули 2019 година минималната пензија за осигурителен стаж и старост во Бугарија ќе изнесува 219,43 лева (110 евра-н.з.).

Ова било прифатено од пратениците по второто читање на  законот за буџетот на Државното јавно осигурување за следната година, јавува БГНЕС.

Пратениците на опозициската БСП барале минималната пензија да се зголеми на 300 лева (1 лев + 0.51 евра – н.з.).

„Тоа се постари и болни луѓе, но тие се пристојни Бугари и заслужуваат пристојна старост“, објасни пратеникот на левицата Филип Попов, според кој „200 лева пензија за еден месец е колку и една ваша надница за еден ден, господа пратеници“.

Пратениците гласаа максималната пензија од средината на следната година да биде 1.200 лева, јави БНТ.

 

SHARE

Оставете Коментар