Раскол во коалицијата: Димитров бара Ферид Мухиќ да се повлече ако не гласа за уставни измени

Шефот на дипломатијата Никола Димитров му порачува на професорот Ферид Мухиќ да се повлече од пратеничкото столче ако не верува во договорот со Грција за името.

Во видеото од најавата на емисијата 360 степени на Алсат М министерот Димитров на прашањето дали власта успеала да го врати Мухиќ во таборот кој ќе гласа за уставните промени, одговара дека тој што не верува во Преспанскиот договор треба да се повлече од пратеничката функција со што потврди дека на власта не и се потребни 8 пратеници од опозицијата туку вкупно 9 затоа што најверојатно професорот Мухиќ нема да гласа за уставни измени.

„Прашањето е преголемо и мислам дека е чесно ако не верувате да се тргнете„ изјавува Димитров во интервјуто што ќе биде емитувано вечерва.

Мухиќ предходно во неколку наврати изјави дека договорот за името со Грција е штетен и навредлив за Македонија и гласаше против а слично постапи и за договорот со Бугарија за кој што беше воздржан во Собранието.

Пратеникот Ферид Мухиќ гласаше против договорот за името

Оставете Коментар