Министерот Димитров ги споредува Шарената револуција и Бојкотирам

Шефот на дипломатијата прави споредба меѓу Шарената револуција и движењето Бојкотирам. Според него Шарената револуција е жед за ОДГОВОРНОСТ во ситуација на јавно разоткриен криминал. Кога потфрлија институциите, граѓаните преземаа одговорност, барајќи правда.

“Бојкотирам е повик за НЕОДГОВОРНОСТ, за бегање од одговорност, за немање глас за сопствената и иднината на Македонија, исправена пред историска раскрсница” смета министерот кој вели дека да се размислува за некакви паралели меѓу нив е исто како да се става равенство меѓу храброста и стравот, меѓу активниот граѓанин кој се осмелил да прогледа во темница и пасивниот поданик кој се плаши да отвори очи во светлина …

2 Коментари

  1. Кога не би се сомневал во фалсификување на резултатите на референдумот би излегол и би гласал против, Бојкотирам затоа што не сакам да се повторат локалните избори. Разлики има. Шарената револуција беше платеничка во полза на странски интереси, пред се да си го исперат срамот за идиотскиот однос кон Македонија и Македонците при што имаме и непочитување на правото, односно на пресудата што Македонија ја доби против Грција во Хаг. Ако пројде референдумот ќе испадне дека не сме сакале да бидеме Македонци, но дека разни диктатори од Тито до Груевски не принудувале на тоа. Бојкотирам е изворно македонско движење кое е подржано од мнозинството Македонци во земјата и странство кое се бори против меѓународната банда (заедница) и домашните северно црпнати предавници за зачувување на основните колективни човекови права, односно правото на самоименување на народот и државата. Тешко е некој да ме убеди дека Албанците и Косоварите државјани на Македонија повеќе ја сакаат Македонија од Македонците.

Comments are closed.