Министерот Димитров си оди ако пропадне планот „Илинденска Македонија“

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во интевју за 1ТВ најави дека ќе се повлече од позицијата шеф на македонската дипломатија ако не успее проектот Република Илинденска Македонија.

Предходно тој ќе се обиде на средбата во Обединетите нации да биде прифатен овој предлог даден од македонска страна.

Димитров ги потврди наводите на медиумите дека доколку одредницате е “Илинденска” тогаш Македонија ќе прифати новот име да се употребува и за внатрешна и за надворешна употреба при што ќе се менува и уставот.

Доколку Грција бара друга одредница како што објави вчера грчката влада тогаш Македонија нема да прифати ниту менување на уставот ниту Ерга Омнес употреба.

Миннистерот потврди дека е договорено јазикот да биде makedonski, без превод на англиски јазик.
Димитров за прв пат откако се интензивираа преговорите ги потврди шпекулациите дека размислува за оставка. Неа би ја дал доколку пропадне псоледниот пакет кој што во саботата го предложи македонската страна.

SHARE

Comments are closed.