Министерот остана сам, не го бранат ни “неговите”

Министерот за надворешни работи повторно доживеа целосен дебакл на социјалните мрежи откако не доби ниту еден позитивен коментар или јавна поддршка за својот пост на Твитер.

“Со договорот од Преспа ние демонстрираме дека нашиот регион, толку богат со историја, може исто така да продуцира иднина, помирување и пријателство”, напиша Никола Димитров од Солун каде што учествуваше на регионален состанок.

(With the Prespa Agreement, we are demonstrating that our region, so rich with history, can also produce future, reconciliation and friendship. https://t.co/0iU7mx8lmX)

Коментарите на текстот поразителни за најпопуларниот македонски министер.

Единствен што не го критикува и навредува е профил зад кој се крие европска организација.

Сите останати го обвинуваат Димитров за предавство, му најавуваат дека ќе лежи затвор и му упатуваат навреди и закани.

Ниту еден од неговите поддржувачи и пријатели не му дава јавна поддршка за тоа што го напиша.

Од тие што направиле “ретвит” на неговиот пост околу 90 % се странски дипломати и организации или негови потчинети во министерството што го води.

Никола Димитров е еден од потенцијалните кандидати на СДСМ за претседател на Македонија кој има силна поддршка од меѓународниот фактор.

Статусот и сите коментари меѓу кои има и говор на омраза прочитајте ги изворно на линкот на министерот кој се откажа од твитање од неговиот македонски профил и сега твита само на англиски јазик.

SHARE

Оставете Коментар