Министерот Сугаревски откри скандал во СЈО

Во допис до државниот правобранител, министерот за транспорт и врски го урна целосно случајот Топлик во кој првоосомничен е неговиот колега екс министерот Миле Јанакиевски.

Во допис испратен вчера Сугаревски вели дека случајот Топлик не предизвикал никаква штета за државата со што престанува основата за гонење на сите осомничени.

Во Топлик, Јанакиевски и останатите обвинети се гонат за злоупотреба на службена должност и овластувања дело за кое е неопходно да има предизвикана штета.

Според законот Специјалното Јавно обвинителство морало да провери дали има предизвикана штета што наведува дека СЈО и Катица Јанева знаеле дека во Топлик нема штета но сепак обвинение е поднесено и процесот се одвива повеќе од една година.

Во дописот од Сугаревски се наведува дека во процедурите што биле спроведени од обвинетите биле заштитени интересите на Република Македонија.

Процесот Топлик за кој министер на СДСМ докажува дека нема правна основа, досега Македонија ја чини над еден милион евра, тврдат експерти.