Садула Дураки воопшто не е загрижен на тужбите против државата за проблемот со загадувањето и вели дека тој не се бави со граѓаните и ги повика – да тужат.

„Знате вие дека ние сме Македонија, а не Швајцарија. Сега почнавме, еден чекор е направен и тоа“, изјави министерот за екологија за „Сител“.

Запрашан што ќе преземе владата, односно зошто не работат некои од мерните станици, тој со „опширен“ одговор.

„Работна група ќе каже кои чекори ќе се преземат. Прв пат во Македонија има програма за аерозагадување“.