Минов: Прво членство во ЕУ и НАТО па потоа „северна“

Името Северна Македонија да влезе во употреба по нашето зачленување во ЕУ и НАТО, предложи денеска од собраниската говорница Панчо Минов, пратеник од ГРОМ.

Тој побара премиерот и министерот за надворешни работи да се изјаснат, а потоа врз основа на овие предлози да најдат заедничко решение.

„Прифаќање на промената на уставното име за внатрешна употреба да важи по финализирањето на преговорите со ЕУ за зачленување. Прифаќајќи го амандманот за промена на името, неговата меѓународна употреба да важи по зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ“, изјави Минов.

Со ова, мислам дека, од една страна ќе извршиме имплементација на спогодбата со Грција, а од друга страна, ќе ја условиме примената на уставното име со нашето зачленување во НАТО и ЕУ, рече пратеникот Минов.

SHARE

Comments are closed.