Митингот на опозицијата во „Вашингтон пост“

Еден од највлијателните американски медиуми, весникот „Вашингтон пост“ само неколку часа по одржаниот протест на опозицијата објавува информација за состојбите во Македонија и за барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори.

Весникот не дава точна проценка на бројот на учесниците на митингот, туку ја користи фразата „десетици илјади“ што во англискиот јазик може да значи меѓу дваесет и 100 илјади луѓе, но вообичаено со фокус на повисоката бројка.

Влијателниот весник опишува дека конзервативците, кои владееја од 2006 до 2017 година, ги организирале протестите поради „апокалипсата“ во првата година од владеењето на социјалдемократите.

Се пренесуваат и изјавата на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски дека протестот е „почеток на крајот“ и барањето за избори во март или април пред кои земјата треба да добие техничка влада.

Весникот го цитира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој пред протестот изјавил дека власта првата година ја минала во обнова на земјата по 11 години владеење на конзервативците.

Во написот се наведува дека за Мицкоски владата на Заев работи на штета на националните интереси со преговорите за името со Грција и дека опозицијата никогаш нема да го смени Уставот на земјата за да го промени уставното име.

 

Оставете Коментар