Мито “Македонецот” умре во Полска, Грција не му дозволи да почива во родината

Вчера во Полска почина Мито Клавчов “Македонецот” главниот лик во истоимениот филм на Петро Алексовски.

Мито роден е во селото Шештево, Костурско а во 1948 година протеран од Грција како многу други деца бегалци.

Познат како еден од најактивните активисти на протераните Македонци од Грција Клавчов е познат по книгата “Што има Европа заборавено – Борбата на Егејските Македонци” и по документарниот филм “Македонецот”.

Мито никогаш не се вратил дома заради грчкиот закон од 1981 година со кој на сите негрци кои заминале од земјата во граѓанската војна им се забранува враќање во земјата и им се одзема државјанството.

Филмот кој зборува за проклетството на протераните деца бегалци од кои голем дел никогаш не успеале да се вратат во родните места.