Македонците пушат најевтини цигари во регионот

Секоја минута во светот се палат речиси 11 милиони цигари, а десет пушачи умираат, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.

Со цел да го заштитат здравјето на граѓаните, земјите ширум светот користат различни методи во борбата против пушењето, како што е забраната за пушење на јавни места, како и зголемување на даноците за тутунски производи, така што цената на цигарите расте од година во година.

Најскапо е да се биде пушач во Австралија, каде цената од септември е повеќе од 17 евра за една кутија „марлборо“.

Пушачите во оваа земја и во соседниот Нов Зеланд, каде што цената е 14,8 евра, секако се љубоморни на Украинците кои можат да си ја дозволат истата кутија цигари за 0,91 евра.

Најевтини цигари во регионот може да купат Македонците (1,95 евра) а најскапите се во Хрватска (3,50 евра).

Оставете Коментар