Младите од Албанија без работа – 70 отсто од нив сакаат да заминат

Дури 70 отсто од младите во Албанија би ја напуштиле земјата доколку добијат шанса за тоа, покажува извештајот на Националната мрежа за млади на Албанија (ANYN) и на CRCA Албанија.

Алтин Хазаизај, претседател на CCRCA вели дека оваа тенденција е во постојан раст бидејќи младите од целата територија на земјата се соочуваат со недостиг н социјални и економски политики.

Една од главните причини што младите сакаат да емигрираат и ја гледаат својата иднина надвор од земјата е невработеноста, пренесува МИА.

Според последната студија на светската организација за труд (ILO)  Албанија е на прво место по нивото на невработеност на младите.

„Со 32 отсто невработеност меѓу младите, албанската влада потфрлила кога станува збор за младите во Албанија“ вели Хазизај.