ММДЧП: Обликувај ги, освои ги, искорени ги – Културниот геноцид на Македонците

Доколку некој ви каже дека име и идентитет на една цела етничка група е сменета за да се смири угнетувачот, би предизвикало ли тоа вознемиреност кај вас? И доколку би ви дале вакво објаснување „но пазете, се работи за дипломатски спор“, дали вашиот одговор би бил: „Епа ОК тогаш. Проблемот нека го решат со негирање на сопственото постоење.“?

Ова како прашање во јавноста го поставува Бил Николов од Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права во својата анализа на ситуацијата која ја објавуваме во целост.

Бил Николов,

Претседател на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права

Тоа е всушност она што се случува со Македонија и Македонците. Се ребрендиравме себеси како „Северни Македонци“, а нашата земја како „Северна Македонија“, со што термините „Македонци“ и „Македонија“ му ги отстапивме на нашиот најголем угнетувач, Грција, па уште во западните медиуми секојдневно читаме за таа наша „победа“.

Нашето име и идентитет се дадоа токму на државата чија главна цел на нивната надворешна политика е нашето искоренување.

Ако забележавте, истакнав „најголем угнетувач“. Да не заборавиме притоа на нашите помалку познати угнетувачи, Бугарија, Албанија и Србија, коишто ја присвојуваа Македонија, па како може Македонија истовремено да биде грчка, бугарска, албанска и српска? А што ќе кажете за ова: Македонија е македонска.

И кога ќе се осмелиме да го браниме нашето постоење, не’ обележуваат како „националисти“. Јас дури бев и претставен како националист во една неодамнешна телевизиска панел дебата на TRT World. Леле мајко. Тоа е македонска фраза којашто изразува згрозено изненадување. Но дали ќе морам да ја опишам неа сега како „северно-македонска“? Па, доколку нешто звучи глупо, тоа и е глупо…

Добро, како стигнавме до ова? Како што повеќепати имам истакнато, романтизирањето на Грција од страна на Западот доведува до колапс на целата моја етничка група. Како што можете и самите да видите, на Грција и’ успеа својата политика на културен геноцид против Македонците да ја формулира како „дипломатски спор“, а светот слепо го прифати тоа.

Обликувајте ја дебатата и со тоа најверојатно ќе извојувате победа. Освен, се разбира, доколку светот ве мрази. Доналд Трамп, дали вие следите што се случува? На пример, доколку Трамп тврди дека САД имаат „огромен трговски дефицит“ со Канада и доколку Канада го прифати тоа и понуди отстапки, Трамп е тој што ќе освои ‘твитна’ победа. Меѓутоа, канадската министерка за надворешни работи, Кристија Фриленд, ја пресретна последната лага на Трамп и со гордост ја објави одбраната на националните интереси на Канада, со воведување одмазнички тарифи за САД.

Здрав разум, нели? Па зошто тогаш светот дозволи еден компулсивен лажливец како Грција да го обликува културниот геноцид како „спор меѓу соседите“? Наречето го со вистинското име и преземете мерки да го спречите.

Следново прашање може да му биде поставено на секој лидер или политичар што некогаш сум го сретнал, но ова е токму за вас, министерке Фриленд: Во моите разговори со вас и со вашите советници за надворешна политика, ви го поставив прашањето погоре. Ве прашав, зошто Западот не и’ дозволува на Македонија да се брани на ист начин како што вие ја браните Канада? Одговор од вас? Не добив. Знаете, македонските Канаѓани нема да ја заборават вашата одвратна неактивност за време на изборите. И не, не велам „северномакедонските Канаѓани“.

Грците се во една многу поволна позиција, бидејќи светот необјасниво ги сака, па можат да ги спинуваат аргументите онака како што нив им одговара. Грција, на Западот омилениот расист, лажеше за се’ поврзано со нивната економија., за нивните вештачки врски со античката историја, за нејзината „културна чистота“ (којашто доведе до масовни кршења на човековите права против Македонците и другите нивни малцинства), повторниот избор на 21 пратеник од нивната неонацистичка партија, масовната маркентишка кампања дека се’ што е за јадење е нивно и Западот, буквално, го проголта сето тоа.

Нивната маркентишка кампања беше насочена (освен за финансиската помош од ЕУ) за да го убеди светот дека Македонија и’ припаѓа на Грција. Оваа кампања започна во 1988 година. Доколку пред 1988 година му речевте на некој Грк дека Александар Велики бил Македонец, ќе ви било одговорено со „Не!

Такво нешто немало и Македонија не постоела. Александар Велики бил Грк.“ А по 1988 година следува ова: „Да! Тој бил Македонец, а тоа значи дека бил Грк.“ Па потоа почнаа да тврдат дека „Македонија има четириилјадна грчка историја“. Математиките не важат овде.

Тука повторно ќе се навратам на грчкото обликување на дебатата. Тие се навраќаат во античката историја (кога не ни постоела идејата за „Грција“, а за Македонија секако дека постоела), но зарем некој мора да се враќа 2.000 години назад за да реши некаков вештачки спор?

Грција не признава дека од Западот е создадена таква романтизирана „историја“, од причина што не сака да признае дека претходно го негираше постоењето на Македонија, дека немаше проблем со името на Република Македонија кога беше дел од Југославија и дека нивниот поранешен премиер Константин Мицотакис призна дека Грција во 1995 година го создала „спорот со името“ со цел да го негира постоењето (вршејќи притоа културен геноцид) на големото македонско малцинство во Грција.

Актуелниот грчки премиер, Алексис Ципрас, дури и го прослави незаконскиот „договор“ за промена на името на Македонија како победа во поглед на вечното негирање на постоењето на Македонците во Грција.

Кој може да слави културен геноцид? Тоа го прави најголемиот европски кршач на човекови права. Што ме потсетувана на онаа изјава од Трамп дека неговите поддржувачи треба да му останат лојални дури и кога тој би пукал во некого на улица. Па добро, Западу, што уште Грција треба да направи за да ја изгуби вашата поддршка?

Не заборавајте, иако Македонија во 1913 година беше поделена меѓу Србија, Бугарија, Грција, а подоцна и Албанија, терминот македонски има само едно значење, а тоа е поврзаноста со Етничките Македонци.

Грција го призна овој факт во 20-тите години од минатиот век, кога презеде мерки, спонзорирани од Обединетите Нации, за да обезбеди образование за Македонците, кога Македонците ги внесе во пописот како етничка група, за потоа да се врати на своите фашистички корени и да се откаже од тие работи. Меѓутоа, исто како и интернетот, историските записи се вечни. Кршењето на човековите права и пропагандата се лесно воочливи, но, за среќа на Грците, Западот повторно избира соучесништво, наместо пристојност.

Кога Македонците почнале да пристигнуваат во Северна Америка, кон крајот на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век (бегајќи од прогонство, без да очекуваат дека по еден век ќе им се случува истото од нивните нови домаќини), во пристанишните документи се регистрирани нивните имиња, земјата од којашто доаѓаат (тука стои Турција, затоа што Македонија беше под Отоманска окупација) и, пазете ова, за националност стои МАКЕДОНСКА и покрај тоа што биле под странска окупација. Погледнете овде еден од многуте примери.

Како што можете да видите, ние отсекогаш сме биле Македонци, без разлика кој поседува одреден дел од Македонија, кој ја зазема и кој владее со Македонија.

Ако ова не беше вистината, ние можевме евентуално да станеме и Кинези, ако тие одлучиле да не’ нападнат. Така да, вие западни владетели, не можете туку-така да ги наградите нашите угнетувачи. Не можете да наградите незаконско културно присвојување. Или, може и вака да се каже, не можете на една етничка група да и’ дадете различен идентитет.

Ставете се себеси на наше место. Што би правеле доколку вашиот идентитет биде одземен од вас, а светот не само што тоа го гледа, туку и учествува во тој процес.

Помислете на вашите претци и нивните борби. И помислете на моите исто така. Кога јас бев нападнат за моето постоење, го наведов ова на TRT World: Мојот прадедо во 1903 година бил роден како Македонец, под турска окупација. Тој останал Македонец и под грчка окупација. Тој останал Македонец и кога се преселил во Канада. Вие не можете да го смените она што е во вашата крв.

Погледнете ја оваа фотографија. Нашето име е Македонија. Вие го знаете тоа. Па помогнете ни да го одбраниме.

5 Коментари

  1. Што сте се уплашиле бе ЈУНАЦИ. Што кукате како стари баби и плачете ко мали деца. Никој ништо не ни` зел нити ќе ни` земе. Никој не може да ни` ја земе нити глупоста и кукавичлукот дека нешто ни` земаат. Ќе остане оваа држава Македонија со овој уплашен македонски народ, посебно кога ќе влеземе во НАТО и ЕУ. Тогаш можда ќе успеат да ни` ја земат оваа сиромаштија, невработеност, неодговорност, не владеење на законите, самоволие, злоупотреби, партизираност, беда и мизерија. Можда НАТО и ЕУ ќе успеат да не` доближат до оние стандарди и благосостојба во кои тие живеат, а и овој наш „патриот“ Бил Николов.

  2. Vleguvanje vo voena organizacija NATO nema da go smeni mentalitetot na lugeto. Site problemi doagaat od toj mentalitet. Ne e cudo sto nikogas ne sme imale drzava. Za nas velat deka ne sme sposobni da ja imame. Nikoj ne ni e kriv osven nie samite. Ke vlezeme i vo EU i pak ke bideme istite. Korumpirani neobrazovani i nesposobni da se borime za sebe i ke cekame drug da ne spasi. Spasot e vo nas samite. Da sme obrazuvani, moralno cisti , da go cenime naseto poteklo i da se borime za nasata mala drzava Makedonija da bide silna na site polinja. Nacionalna svest ni treba i luge so vizija sto ke ja vodat Makedonija a nema da ja prodadat.

Оставете Коментар