ММДЧП со нови “потерници” и споредба со каталонскиот референдум

Во новата објава на Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада покрај апсење на премиерот Заев се бара притворање и на вицепремиерката Шеќеринска и министерот Никола Димитров.

Ним ММДЧП им порачува дека ние сме едноставно Македонци.

“Уапсете ги Заев, Димитров, Шеќеринска и другите политичари кои се обидуваат незаконски да го сменат уставот и да го избришат македонскиот идентитет”, пишува во пораката на ММДЧП.

We are simply Macedonian and #OurNameIsMacedonia. #ArrestZaev #ArrestDimitrov #ArrestSekenrinska and the other politicians attempting to illegally change the constitution and erase our Macedonian identity.

Понатаму оваа македонска организација прави споредба меѓу референдумот за независност на шпанската област Каталонија каде излезноста беше 43 насто и кој беше отфрлен од ЕУ и САД и македонскиот кој иако без цензус, со само 36 % излезност е прифатен од Брисел и Вашингтон како успешен.

,,Доста со хипокризија, доста со двојни стандарди” се вели во пораката упатена до ЕУ, САД и НАТО каде што членува и Канада како земја каде што е регистрирана ММДЧП.

Оставете Коментар