ММДЧП со порака до пратениците: Бранители или предавници?

Кога Заев ќе ја стави на гласање во Македонското Собрание нелегалната промена на името, вие ќе гласате или за вршење на велепредавство или за заштита на Македонија, им порача денеска Македонското меѓународно движење за човекови права на македонските пратеници.

“Дали сакате остатокот од вашиот живот да го живеете- и засекогаш да бидете запаметени-како најголемите предавници во историјата на Македонија.?

Ако не сакате вие ќе кажете НЕ на било која промена на името на Македонија и на НАШИОТ македонски идентитет.Ќе ставите КРАЈ на било кои сегашни и идни преговори за промена на името и идентитетот”, им порачува ММДЧП на пратениците користејќи ги хаштазите
#НашетоИмеЕМакедонија #ЗатворЗаЗаев #Македонија

SHARE

Оставете Коментар