ММДЧП за Заев: Ако е среќен….

Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада не може да ја разбере логиката на премиерот Заев.

Според една од најактивните организации на Македонците во светот нема логика премиерот да е среќен што се менува името а воопшто да не го споменува новото име Северна Македонија.

“Ако Заев е толку среќен со договорот за менување на името на Република #Македонија, зошто тогаш не го користи името ‘Северна Македонија’ во кампањата до која од ВАС бара да го поддржите договорот”, ги прашува Македонците лидерот на ММДЧП Бил Николов чија организација се залага за бојкот на референдумот.

ММДЧП од неодамна на голем број локации во земјава постави постери на кои се бара апсење на премиерот Заев.

Постери со барање за апсење на Заев ја преплавија Македонија

3 Коментари

  1. Што ќе се прави со вас БилНиколовци? Зарем сте слепи дека никој не е „среќен“ со „договорот за менување на името“? Дали вие БилНиколовци разбирате дека името Република Македонија не постои уште од 1993 година, кога бевме примени во ОН како ФИРОМ и кога од Советот за безбедност ни беше наложено да најдеме решение за разликите околу името Македонија во преговори со Грција? Секој нормален знаеше дека никогаш нашата држава нема да биде Република Македонија, туку ќе мора да се додаде некаква одредница на името Република Македонија. „Среќата“ не изврира од тоа што е додадено „Северна“, туку од тоа што со договорот со Грција остануваме Македонци и нашиот јазик останува македонски јазик, а ни се отвора патот за влез во сојуз со најмоќните и најбогатите земји во светот, во ЕУ и НАТО. Може ли вашиот БилНиколовски мозок да го разбере тоа?

  2. еден како ниеден.
    Изгледа од ридот не ги гледаш дрвјата.Со овој предавнички договор ниту кје останеш МАКЕДОНЕЦ ниту ќе ја има историјата(па ни од фиром)нит јазикот МАКЕДОНСКИ ќе остане иако но ООН е регистриран и заведен од 1977 година.

Оставете Коментар