Многу веројатна победа на Ердоган во првиот круг!?

Долгогодишниот лидер на Турција Реџеп Тајип Ердоган води на претседателските избори  по досега пребрените 62 проценти од гласовите, јавија државните медиуми.

Ердоган води со освоени 56 проценти од гласовите, додека за неговиот најсериозен ривал,  Мухарем Инџе, гласале 29 отсто од гласачите од огромниот електорат од околу 55 милиони граѓани со право на глас.

Доколку Ердоган освои повеќе од 50 отсто од гласовите, тој ќе биде прогласен за победник и ќе избегне втор круг гласање.

Покрај претседателот,  гласачите, исто така, избираат и членови на парламентот, каде исто така во предност е Партијата на  развојот и благосостојбата (АКП) на актуелниот претседател.

Со 51 отсто преброени гласови, АКП води со 46 отсто во споредфба со главната опозициона партија која освоила само 20 од гласовите, јави Би-би-си.

Ердоган, кој беше и премиер 11 години , а сега и претседател, во континуитет победува на сите избори во изминативе 16 години.

Доколку победи тој ќе владее според новиот устав кој овозможува поголеми ингеренции на шефот на државата.

SHARE