Многу веројатно е Македонија да извиси за преговорите, смета бугарски аналитичар

Бугарскиот аналитичар Стефан Бараков не е оптимист дека Македонија и в година ќе добие старт на преговори за членство во Европска унија.

„Македонија треба да забележи напредок во реформските приоритети и во борбата со корупцијата, а во Албанија е неопходно справување со судската реформа, со корупцијата и со организираниот криминал. Има голема веројатност тоа да се покаже како пречка за преговорите за присоединување на двете држави кон европското семејство“, изјави тој за бугарската ТВ Блумберг.

„Тоа е многу возможно, бидејќи нема целосен консензус меѓу државите-членки на ЕУ во однос на европската иднина на Македонија и на Албанија. Во последните денови од нашето претседателство дел од нив почнаа да поставуваат услови. Отпочеток молчешкум, а сега веќе и погласно. Конкретен датум и за двете земји тешко може да се смета за загарантиран“, додава експертот.

За Бараков, не е сигурно ни дека на следниот самит на НАТО на 11 и 12 јули Македонија ќе добие покана за членство.