МНР на Русија ја осуди „промоцијата на Голема Албанија“ во Пеќ

Министерство за надворешни работи на Руска Федерација ја осуди, како што вели, провокацијата од албанскиот премиер Еди Рама со промовирањето на идејата за Голема Албанија при својата посета на Косово пред четири дена.

„На 26 ноември оваа година, за време на заедничката седница во Пеќ (Автономна покраина Косово, Република Србија) на Владата на Албанија и косовската ‘Влада’ премиерот на Албанија, Е. Рама, ги објави плановите за создавање ‘единствена албанска држава во сите области и во сите аспекти’. Истовремено, тој изјави дека ‘е време да се стави крај на лицемерната поделба’ на албанскиот народ.

Силно ја осудуваме оваа најнова провокација со цел промовирање на идеологијата на ‘Голема Албанија’. Таквата реторика се заканува со нарушување на стабилноста на Балканот, повторување на меѓуетнички конфликти и поткопување на долгорочните напори на меѓународната заедница за да се обезбеди мир во регионот.

Очекуваме недвосмислена реакција на провокацијата на Тирана и на Приштина од страна на САД и ЕУ, осуда на концептот за дестабилизација на Југоисточна Европа. Ако таквото прекршување повторно ги заобиколи албанските и косовските политичари, тоа ќе значи дека овој проект ужива отворена поддршка од Вашингтон и од Брисел“, се вели во соопштението на руското МНР.

 

SHARE

Оставете Коментар