МНР со поддршка за интегритетот на Украина по инцидентот кај Керч

Во врска со инцидентот со задржаните украински бродови од Русија во теснецот Керч се огласи и Министерство за надворешни работи на Македонија со поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

„Длабоко сме загрижени за ескалацијата на тензиите во Азовско Море и за последиците по мирот и стабилноста. Во согласност со ЕУ ЦФСП (Заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ – н.з.), повикуваме за воздржаност, деескалација и целосно враќање на слободата на минување низ Керчки теснец. Ги поддржуваме територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“, објави македонското МНР на својот профил на Твитер.

МНР на Украина ја ретвитна оваа објава.

 

SHARE

2 Коментари

  1. ОВАЈ ТРГОВЕЦ НА ЛУЃЕ ПАРДОН ТРГОВЕЦ СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Е ЗАГРИЖЕН ЗА УКРАИНСКИОТ ИНТЕРИТЕТ ДОДЕКА ГО УКИНУВА ИНТЕГРИТЕТОТ НА МАКЕДОНИЈА …ДА НЕ Е ТРАГИЧНО ЌЕ БЕШЕ СМЕШНО ..ПРЕДАВНИК НА МАКЕДОНИЈА

Оставете Коментар