Високата претставничка на Европска унија за надворешни работи и за безбедносна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за европска добрососедска политика и за преговори за проширување Јоханес Хан објавија заедничка колумна за Македонија на официјалната вебстраница на ЕУ, во која ниту еднаш не ја именуваат земјата!

Ниту референцата ПЈРМ од Обединети нации, со која во Брисел ѝ се обраќаат на Република Македонија, ниту, пак, формулацијата „идната Северна Македонија“ што Хан ја употребуваше на „Твитер“ по одлуката на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ во вторникот за одложување до јуни 2019 година на одлуката за старт на преговори.

Дека во текстот насловен „Јасен пат кон ЕУ“ станува збор за Македонија наведува само тоа што е објавен во делот од вебстраницата за „Делегацијата на Европска унија во ПЈРМ“ и со користењето на името на главниот град Скопје, покрај поимот „земјата“.  Во исто време, се споменуваат Бугарија и Грција…

„Тешко е да се инспирираат и охрабрат луѓето на ваша страна ако одбивате да го користите нивното име“, прокоментира Џејсон Мико, поранешен почесен македонски конзул во Тусон, Аризона, на својот профил на „Твитер“.

 

Оставете Коментар