,,Моќник” нападнал новинар кај “Мавровка”, полицајци гледале

Денеска околу пладне во близона на трговскиот центар Мавровка во центарот на Скопје бил вербално нападнат новинар на Македонската Радио Телевизија чие име не го објавуваме од безбедносни причини.

Инцидентот се случил во присуство на припадници на МВР кои биле во друштво со напаѓачот кој се заканувал откако новинарот го фотографирал неговото погрешно паркирано возило.

“Пред еден час бев нападат од човек без врат од типот “ќе дознаеш кој сум”. Причина- фотографијата подолу на која се гледа каубојско паркирање. Да биде трагедијата поголема до него стоеја двајца млади полицајци кои не ме заштитија. Да не слушнам веќе дека дошол животот. Околу ” Мавровка” и натаму важат старите закони од мрачните времиња. Не млади полицајци, на улиците треба да се пуштат елитни единици”, објави новинарот денеска.

Инцидентот се случил на десетина метри од местото каде што пред неколку месеци беше нападната полицајката Јаначковска при обид да подигне непрописно паркирано возило.

Против напаѓачот на Јаначковска беше покрената прекршочна и кривична пријава но обвинителството се уште не објавило до каде е предметот за напад на полицаец при вршење на должност.

Напаѓач на полицајката беше високиот функционер на ДУИ Бекир Асани.

SHARE

Оставете Коментар