Москва ги обвини САД за манипулирање на гласањето во македонскиот парламент

Руското министерство за надворешни работи оценува дека гласањето во парламентот на БЈРМ, што го отвори патот за промена на името на земјата, беше спроведено со уцени, закани и стекнување на гласови, пренесуваат грчки медиуми..

Во соопштението се вели дека, „осумте гласови што недостигаа за да се обезбеди мнозинството во парламентот биле добиени преку изнудување, закани и мито на пратениците од опозицијата“.

„Американскиот амбасадор во беше во парламентот до крајот на пленарната седница, и затоа не постои сомнеж дека тој го водеше процесот“ се вели во соопштението на руското МНР.

За Москва, што што се случи е „валкана“ манипулација.

„Вакви валкани манипулации не може да се сметаат за демонстрирање на волјата на пратениците. Мислењето на две третини од македонскиот народ кои одбија да го поддржат Договорот од Преспа на неуспешниот референдум од 30 септември беше грубо игнорирано“.

SHARE

Оставете Коментар