Михаил Богданов, руски заменик-министер за надворешни работи рече дека Русија има посебни врски со Грција и изрази надеж дека односите меѓу двете земји ќе наскоро ќе се обноват и покрај неодамнешното влошување.

„Имаме посебни, тесни врски со Грција и не сакаме да ги жртвуваме“, изјави тој во интервју за весникот „Катимерини“.

Во јули Грција одлучи да протера 2 руски дипломати поради нивните наводни обиди да ги саботираат грчко-македонските разговори за промена на името… Русија одговори со протерување на двајца грчки дипломати, а портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, тогаш изјави дека Грција била под притисок да ги истера руските дипломати.

Коментирајќи ги резултатите од неодамна спроведениот референдум во Македонија, Богданов истакна дека само 37 отсто од граѓаните на земјата гласаа на референдумот, а не сите Македонци сакаат земјата да влезе во НАТО и во Европската унија во согласност со преспанскиот договор.

SHARE