Руското Министерство за надворешни работи ja остави отворена можноста да стави вето на Преспанскиот договор во Советот за безбедност на ОН.

Од руското МНР ги повторија приговорите на Москва кон пристапувањето на Македонија во НАТО и оценија дека референдумот во неделата е неважечки поради нискиот одѕив и предупредува дека како постојана членка на Советот за безбедност на ОН „Русија внимателно го следи развојот на случувањата на тема“, пренесе „Катимерини“.

„Одзивот на 36,8 отсто од гласачите значи дека референдумот не може да се смета за валиден (одѕивот треба да биде најмалку 50%). Ова е јасен показател дека македонските гласачи избраа да ги бојкотираат решенијата наметнати за Скопје и Атина од надвор – со политички лидери на земјите членки на НАТО и на ЕУ кои учествува лично во оваа голема пропагандна кампања, интервенирајќи непречено во внатрешните работи на оваа балканска држава“, се вели во соопштението од руското МНР.

„Нашата основна позиција останува иста, долгорочното решение може само да се постигне само меѓу двете страни, без надворешна интервенција, само во рамките на законот и со широка јавна поддршка. Преспанскиот договор јасно не ги исполнува овие критериуми.

Москва исто така потсетува дека „како постојана членка на Советот за безбедност на ОН, Русија внимателно ги следи случувањата. Фактот дека согласно став 3 од резолуцијата 845 на ОН, исходот од разговорите меѓу Скопје и Атина ќе биде оценуван од самиот Совет за безбедност“, со што практично ќе се отвори можност за вето, пренесува „Катимерини“.

SHARE

Comments are closed.