Москва не ги познава осомничените за случајот „Скрипал“

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека имињата и фотографиите на наводни Руси, осомничени за труење на Сергеј и Јулија Скрипал, објавени од Велика Британија, не ѝ значат ништо на Москва.

„Имињата и фотографиите [од осомничените] објавени во медиумите не ни значат ништо“, изјави Марија Захарова, портпаролка на министерството.

Таа рече дека Москва го повикува Лондон „да се откаже од правење јавни обвинувања и медиумски манипулации“.

Од страна на Митрополитен полиција во Лондон денеска беа објавени фотографии на Александар Петров и Руслан Боширов, за кои британските власти се сомневаат дека ги отруле двојниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во март годинава во Солцбери.

Британската полиција тврди дека осомничените влегле во Велика Британија за валидни руски пасоши и пристигнале во земјата неколку дена пред инцидентот. Тие патувале под лажен идентитет.

По нив се издадени национални и европски потерници, но Велика Британија нема да бара нивна  екстрадиција од Русија, бидејќи рускиот устав забранува екстрадиција на нејзини граѓани.

SHARE