Москва: Приштина провоцира со цел протерување на Србите

Руското Министерство за надворешни работи ги осуди – како што стои во соопштението – властите на самопрогласената република Косово за испраќање трупи во дел од регионот со мнозинско српското население за да уапсат четворица лица.

Апсењата беа „провокација од Приштина чија цел е да ги истераат косовските Срби“, се вели во соопштението на министерството, додавајќи дека тоа е на линија со „континуираното грубо етничко чистење од страна на Приштина“.

Уште еден пример за тоа е одлуката со која се наметнуваат повисоки царини за српските производи, објави Министерството како што пренесува РТ.

SHARE

2 Коментари

  1. Србија ако сака нешто да направи нека го раскине Бриселскиот договор и нека интервенира Косово да не се така нарекува во ООН, туку според српскиот устав „Косово и Метохија”, а и не ми е јасно како и когаш добиле името “Косово” во ООН; за Косово важи да се нарекуваат како сакаат, а за Република Македонија не важи во ООН

Оставете Коментар