Архиерејскиот собор одлучил дека Вселенската патријаршија може да објавува автокефалност на црквите кои ќе посакат да добијат независност, без да е потребно претходно останатите патријаршии да дале согласност за тоа, дознава News.bg.

Ова значи дека Москва веќе нема да може да ја спречува независноста на украинската и на македонската црква.

Состанокот, наводно се одржал во Истанбул од 1 до 3 септември, објавија новинските агенции.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј потсетил дека со векови руската патријаршија си дозволувала  „самоуправа“ и како пример се наведува Киевската митрополија. „Москва многу векови располага со Киевска митрополија без тоа да е дискутирано со Константинопол“, истакнал Вартоломеј.

Руската и српската Патријаршија се изјаснија против независноста на украинската и на македонската црква, инсистирајќи на тоа дека за да добијат автокефалност, потребно е со тоа да се согласуваат сите останати православни цркви.

Така, Москва и Белград се надеваа дека ќе го блокираат патот на Македонија и Украина кон независноста на Црквата.

Московскиот Патријарх Кирил направил последен обид да го барањето на Украинците и на Македонците за автокефална црква при средбата со Вартоломеј на 31 август.

Најверојатно до крајот септември Вселенската патријаршија ќе издаде томос – потврда за самостојност, на украинската црква.

Сè уште не е познато во која фаза е постапката во однос на Македонија, пишува News.bg.

Оставете Коментар