МПЦ: Црковниот имот не ги нарушува Божјите заповеди

„Црквата поседува свој имот со чие управување не се нарушени ниту црковните каноните, ниту, пак, Божјите заповеди, а е во согласност со државните закони“, се вели во соопштението од Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА во врска со интересот на медиумите во однос  правото на Црквата на сопственост и поседување на црковен имот, пренесе НОВА ТВ.

„МПЦ има потреба од грижа и негување на земни блага за добробит на својата структура, па од таа причина таа е повикана, имотот кој го поседува, домаќински да го стопанисува, а преку тоа да може да ја извршува својата мисија и исконска примарна задача за доброто на својот верен македонски народ“ се вели во соопштението.

SHARE

Оставете Коментар