МПЦ-ОА и советниците на премиерот го кријат писмото до Владата

Три дена откако го испратила до владата и премиерот Заев Македонската православна црква -Охридска Архиепископија го крие писмото до владата со кое се честита јубилејот една година владеење.

Причината е стравот од отворање на конфликт со владините претставници кои што направиле цензура и пред јавноста го скриле делот од писмото во кое се вели дека МПЦ – ОА е против менување на уставното име.

Последното соопштение на МПЦ -ОА е од 17 мај:

Писмото го крие и Владата. Во соопштението на владата за честитката се споменува дел од писмото и дел од одговорот на премиерот но самото писмо не се објавува.

Expres.mk вчера обкави дека црковни претставници се шокирани од начинот на кој Владата го презентирала писмото што архиепископот Стефан го испратил до неа, во кое МПЦ-ОА честита една година од формирањето на Владата.

Високите црковни претставници не можат да разберат зошто Владата во јавноста презентирала само дел од ставовите забележани во писмото, односно зошто е цензурирано и не е објавено целосно. Тие претпоставуваат дека објавата на писмото ќе ја стави владата во тешка состојба затоа што ќе се види дека е сама во обидот да го смени уставното име.

Црковни извори тврдат дека Владата од г.г. Стефан добила допис во кој МПЦ останува на ставот за непромена на уставното име!

Во ниту една вест поврзана со писмото не е објавен овој пасус од писмото, што за МПЦ-ОА е груб обид за манипулација.

Двајца високи претставници на МПЦ (еден владика и еден близок соработник на архиепископот), кои ја забележале манипулацијата, најавиле остра реакција во јавноста, но авторот на писмото, архиепископот Стефан, побарал да не се отвора фронт со Владата во овие комплицирани времиња и дека ќе има и други можности Црквата да го објасни својот став за името.

Објавата во медиумите според брифингот и соопштението од Владата:

Архиепископот на Македoнската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан, упати честитка до премиерот Зоран Заев, по повод годишнината од формирањето на Владата на Република Макеоднија.
Во честитката, Архиепископот на МПЦ-ОА Г.Г. Стефан, од свое име и од име на Архиерејскиот синод и свештенството во Македонија, на премиерот Заев и на Владата им посака успех во раководењето и мудрост во донесувањето на правилните одлуки, во, како што се вели во писмото „овие времиња на многу искушенија, а за доброто на сите во Република Македонија“.

Премиерот Заев, како што информираат од владината прес-служба, изразил благодарност и уверување дека меѓусебното разбирање, ќе донесе само добри плодови за единството и поубавата иднина на сите граѓани на Република Македонија.

„Мене како премиер и на министрите на македонската Влада ни претставува чест што стоите зад визиите за единствена и европска Република Македонија и со Вашата мудрост ги препознавате процесите кои носат подобар живот на сите наши граѓани“, напишал премиерот Заев во писмото до неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан.

*Дозволено е преземање на најмногу 30 отсто од текстовите на expres.mk со наведување на хиперлинк до оригиналот на текстот. Порталот води документација за сите прекршувања на овие услови и ќе преземе соодветни правни мерки.