МРТ до Манчевски: Не сме срам, дно и под контрола на ВМРО-ДПМНЕ!

Македонска радиотелевизија (МРТ) ги осуди и ги отфрли обвинувањата од министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на „Твитер“ дека МРТ е срам, дно и целосно под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и оти Македонија нема јавен сервис на граѓаните.

„Македонска радиотелевизија обезбедува вистинито и непристрасно информирање и ниту застапува, ниту заштитува ставови и интереси на политички партии, а најмалку од сè создава програма под нивно влијание. Граѓаните имаат јавен сервис на којшто може да му веруваат, а ставовите на министерот Манчевски може да се толкуваат само како обид за притисок врз професионалното работење на Македонска радиотелевизија“, се вели во реакцијата на уредничкиот колегиум на МРТ.

 

1 Коментар

Оставете Коментар