Мухамед Зекири, референдум, вехабисти и таинствена порака на Арсим Зеколи

Политичкиот аналитичар и поранешен амбасадор на Македонија во ОБСЕ Арсим Зеколи со таинствена порака на социјалните мрежи во врска со плебисцитот на 30 септември.

„За референдумот се само вахабистите“, е пораката со која Арсим Зеколи му одговори на Мухамед Зеќири.

Преходно во кампањата Зекири објави според него кој е против референдумот.

“Дебар ќе гласа За на референдумот а така ќе биде и во другите градови во нашава земја. Против се само криминалците во земјава, кои немаат ниту нација ниту вера”. Ова го нагласи на отворената трибина потпретседателот на СДСМ и пратеник во Собранието Мухамед Зеќири.

Што сакаше да каже Зеколи за ставот на Зекири кој завршил медреса односно средно теолошко училиште не може да се разбере прецизно.

SHARE