Муслиманите вечерва слават света ноќ „Кадир“

Вечерва се одбележува светата ноќ Кадир (Лејлетул Кадир), за која се вели дека е подобра од илјада месеци и која е 27. ноќ на месецот на постот Рамазан.

Ноќта Кадир кога почнала да се објавува светата муслиманска книга „Куран“ се прифаќа како ноќ во која се отвораат вратите на небото и се прифаќаат довите (молитвите) и покајанијата, а воедно таа е единствена ноќ чие име се споменува и во Куранот.

По тој повод во земјите каде што живеат муслимани во џамиите се организираат различни манифестации на кои што се чита Куран и мевлуд.

1 Коментар

Comments are closed.